За Нас


Добредојдовте во GROSVENOR – бренд посветен на современиот маж со префинет стил и беспрекорен вкус. Основан во 2017 година, GROSVENOR израсна од идеја во бренд кој ја редефинира современата машка мода. Приказната ја започнува со отворањето на својата прва продавница во срцето на Скопје, а од 2023 година брендот продолжува да расте и развива во Битола, продолжувајќи ја мисијата да создава машка гардероба што се издвојува со квалитет, уникатност и суптилна елеганција. Денес, GROSVENOR е избор на стотици задоволни клиенти, кои ја препознаваат нашата бескомпромисна посветеност, материјалите и современиот дизајн. Тие се причина постојано да создаваме повеќе, подобро и повпечатливо.

Нашата Работа
Во срцето на GROSVENOR е префинетата уметност на машката мода. Секој наш производ е внимателно создаден од природни и луксузни материјали како памук, кашмир, волна и лен – материјали што зборуваат сами за себе. Ние креираме современа естетика што го истакнува карактерот, самодовербата и вкусот на модерниот маж.

Лимитирани Колекции
Кога купуваш од нас, добиваш повеќе од облека. GROSVENOR нуди малопродажба со ограничени серии на производи. Лимитираните колекции не се само концепт – тие се гаранција за ексклузивност, персонализирана услуга и висок стандард што им го нудиме на нашите потрошувачи.

Нашата Мисија
Нашата мисија е едноставна, но јасна: Да го задоволиме вкусот на современиот маж кој бара стил, квалитет и софистицираност во секој дел од својата гардероба.